Под концесија во општините Велес, Градско и Чашка, Министерството за земјоделство ќе даде 955 хектари плодно земјиште. Огласот за давање под закуп на плодните ниви, е распишан. Во подрачната единица на Министерството во Велес велат дека интерес за добивање на земјиште пројавиле поголем број земјоделци но, и немал број некогашни индустриски работници кои по транзицијата останаа и без работа и без пари. Според условите, времетраењето на закупот чија почетна цена на наддвање е 2.143 денари по хектар, за одгледување на земјоделски култури пченица, јачмен, тутун и друго е до 15 години. За подигање на лозови и овошни насади времетраењето на користење на државното земјоделско земјиште е до 30, за рибници до 20, а за подигање на плантажи под маслинки - 50 години.
Под концесија во општините Велес, Градско и Чашка, Министерството за земјоделство ќе даде 955 хектари плодно земјиште.
Огласот за давање под закуп на плодните ниви, е распишан. Во подрачната единица на Министерството во Велес велат дека интерес за добивање на земјиште пројавиле поголем број земјоделци но, и немал број некогашни индустриски работници кои по транзицијата останаа и без работа и без пари.
Според условите, времетраењето на закупот чија почетна цена на наддвање е 2.143 денари по хектар, за одгледување на земјоделски култури пченица, јачмен, тутун и друго е до 15 години. За подигање на лозови и овошни насади времетраењето на користење на државното земјоделско земјиште е до 30, за рибници до 20, а за подигање на плантажи под маслинки - 50 години. Право на учество за добивање најмногу до 10 хектари државно земјиште имаат сите регистрирани индивидуални земјоделци и правни лица на кои примарна дејност им е одгледувањето на земјоделски култури.
Најголем дел од плодното државно земјиште се наоѓа на територијата на општина Велес и Чашка, чиј некогашен сопственик беше АККЛозарр. Наддавањето на државното земјиште ќе се изврши на 22 декември, годинава, во Министерството во Скопје.
Инаку, досега Министерството за земјоделство во овие општини под концесија има дадено 8.000 хектари. Повеќе од 300 земјоделци, покрај производството на пченица , јачмен, афион и тутун, на околу 5.000 хектари имаат подигнато и над 1.200 хектари под лозја, над 350 хектари под праски, круши, кајсии, градинарски култури и друго.